Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и е прогласен за најдобар спортист за 2024-та година. .
Ѓоковиќ вечерва во Мадрид го понесе признанието „Лауреус“, кое се доделува за најуспешните во спортот. До него тој стигна освојувачи три Грен слем трофеи, а на четвртиот играше во финалето. Новак во 2023 година го мина и Рафаел Надал по бројот на освоени Грен слем турнири. Наградата му беше врачена од Том Брејди, најдобриот играч на сите времиња американската (рагби) НФЛ лига.
За Ѓоковиќ ива е петти пат да е избран за најдобар светски спортист (2012, 2015, 2016 и 2019 година), а исто толку има и Роџер Федерер.
Во конкуренција на Ѓоковиќ беа: Макс Ферстапен, Лионел Меси, Мондо Дуплантис, Ерлинг Халанд и Ноа Лајл.
Најдобар тим е шпанската женска фудбалска репрезентација. Признанието за „камбек на годината“ ја доби Симон Билес, а наградата за спортска личност на годината ја доби Диде де Грот. Младата фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид, Англичанецот, Џуд Белингам ја доби наградата за пробив на годината.