Тројниот светски Ф1 првак Макс Верстапен ја оствари четврта победа на петтата трка сезонава во Формула 1 шампионатот.
Холанѓанецот славеше на кинесото Гранд-при и стигна до својата 58 победа во кариерата.
Возачот на Ред Бул го задржа максималниот резултат на трките што ги заврши во овогодинешниот шампионат, а воедно комплетираше и двоен триумф во Шангај, бидејќи во саботата беше најдобар во спринтот.
Шангај, инаку, е 30-та различна патека каде Верстапен го достигна највисокото скалило на подиумот.
Холанѓанецот прв ја мина целта со 13 секунди предност во однос на второпласираниот Ландо Норис од Мекларен. На третото место на подиумот се искачи вториот возач на Ред Бул, Серхио Перес.
Бодови освоија уште и Леклер и Саинц од Ферари, Расел, Алонсо, Пиастри, Хамилтон и Хулкенберг.
Во генералниот поредок лидерот Верстапен сега има 110 бодови, а неговиот тимски колега Перес е втор со 85. Следуваат возачите на Ферари Леклер со 76 и Саинц со 69 бода.
Формула 1 шампионатот се сели во САД каде од 3 до 5 мај ќе се вози во Мајами.