Шампионот Еурофарм Пелистер со вечерашната победа над Охрид на гостувањето е чекор поблиску до одбраната на титулата. Избраниците на тренерот Бранислав Ангеловски повторно со сигурна игра обезбедија уште еден триумф совладувајќи ја екипата а Охрид со 29:22 (14:11).

Дербито на 10.коло од Супер лигата плеј оф беше изедначено до средината на првиот дел кога Охрид го имаше поледното водство од 8:7. Потоа следуваше серија од 6-1 на битолчани за водство од 13:9 и на полувреме беше три предност за екипата од Битола што беше најава за интересно второто полувреме.

Но, тоа не се случи од причина што одбраната на Е.Пелистер го „крена“ нивото, а на голот солидиот Лесјак беше заменет со Гедбане што се покажа како голем плус за битолската екипа. Во 51.минута екипата на Е.Пелистер имаше и двоцифрена предност – 26:16.

Најефикасен на дуелот беше капитенот на Е.Пелистер со 10 голови.

Е.Пелистер со денешната победа се врати на првата позизија на табелата со 29 бодови, пред Вардар со 27, Алкалоид има 24, а Охрид сега е на четвртата позиција со 23 бодови.

Во следното коло дербито се игра во Автокоманда каде Алкалоид го пречекува Охрид.