Екипата на Атлетико Мадрид уште еднаш е непријатно изненадена од Алавез. На гостувањето на „Естадио Мендизоротца“, тимот од Мадрид повторно е поразен од Алавез сега со 2-0.
Натпреварот од 32-то коло во шпанската Ла Лига беше решен во раната фаза. Се играше 15-тата минута кога Уругваецот, Карлос Бенавидез ја затресе мрежата на Облак и му донесе предност на Алавез.
Иако избраниците на Диего Симеоне се обидуваа со сите сили да стигнат до израмнување, тоа не им успеа. Напротив. Во судиското дополнение (90+3), кога капитенот Луис Ријоха со фантастичен гол ја запечати судбината на Атлетико.
Алавез со овој триумф направи скок од две позиции, потиснувајќи ги зад себе Севиља и Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски.
Атлетико остана на четвртото место со три бода повеќе од Атлетик Билбао, во тркаа за позицијата што води во Лигата на шампиони.