Екипата на Работнички ја одбрани шампионската титула во женското одбојкарско првенство на Македонија. Работнички во финалето и по трет пат славеше победа над Струмица и со чисти 3:0 во мечеви ја затвори финалната серија.
Попладнево во Струмица, одбојкарките на Работнички победија со 3:0 по сетови
Во раната фаза од натпреварот гостинките направија предност од пет поени а потоа и седум (10-18). Стумичанки во финишот успеаја да намалат на два негатива, но не и да ја анулираат. Гостинките го добија тој сет со 23-25 за водство од 0:1 во сетови.
Во вториот сет се играше рамноправно. Струмичанки во неколку наврати имаа три предност, водеа се до 10-8. Гостинските вратија со серија 1-5 и поведоа со 11-13. Во финишот на сетот вистинска драма. Работнички водеше со 19-22, но сега Струмица беше таа што се врати и поведе со 24-23. Не ја искористија сет топката домаќинките, а тоа го казнија гостинките и го добија сетот на разлика со 26-28 за 0:2 во сетови.
И во третиот сет домашниот тим одигра подобро, но само во првиот дел во кој имаше и четири поени предност во неколку наврати. Шампионките не се откажаа, напротив се вратија во игра поведоа и до крај не ја испуштија предност. Го добија сетот со 25-19, а мечот со 3:0.
Така одбојкарките на Работнички Скопје трета сезона во низа ја освојуваат шампионската титула. За овој одбојкарски колектив тоа е вкупно 17-ти трофеј во клупската .