Македонскиот боксер Арјан Исени го дели уште една победа од медал на Европскиот шампионот што се одржува во Белград.
Исени кој настапува во категоријата до 80 килограми, ја забележа втората победа на првенството. Тој во денеска го совлада Рафаел Ховхансијан од Ерменија. Во првото коло Исени беше подобар од Гркот, Цамалидис (ВИДЕО од борбата)
За место во полуфиналето, македонскиот репрезентативец ќе се бори во во среда (24 април). Исени за противник ќе го има домашниот боксер, Србинот, Растко Симиќ, а доколку го победи ќе освои најмалку бронзен медал.
Утре пак својот прв настап ќе го има Алим Насуфи во категоријата до 67кг. кој за противник ќе го има Јануш Караван од Молдавија.