Два нови натпревари денеска ќе се играат во четвртфиналната рунда од плејофот, на женската кошаркарска Прва лига.

Разигрувањето за шампионскиот трофеј кој го бранат кошаркарките на Баскет Кам, стартуваше во четвртокот. Вардарки веќе поведоа со 1:0 во победи против Пробаскет.

Првиот од двата денешни натпревари ќе се игра во утринскиот термин. Помалку не вообичаено, екипите на МЗТ Скопје Аеродром у Крива Паланка својот прв меч ќе го започнат во 11 часот. Затоа во попладневниот термин (18 часот) ќе стартува натпреварот меѓи Куманово-Гризли и Бадел.

Шампионот Баскет кам одбраната на титулата ќе ја почне во вторник во дуелот со новиот новиот член на Првата „А“ лига за наредната натпреварувачка сезона, делчевски Патриот.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат тимовите што ќе први ќе обезбедат две победи.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
сабота 20 април

11.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – КРИВА ПАЛАНКА
18.00 КУМАНОВО ГРИЗЛИ – БАДЕЛ
вторник 23 април
19.00 БАСКЕТ КАП ПАТРИОТ
Одиграно во четвртокот
ВАРДАР – ПРОБАСКЕТ 84–54 (1:0 во победи)