Познати се последните две екипи што обезбедија пласман во плејофот на НБА лигата, кој започнува вечерва со два натпревари. Тоа се тимовите на Њу Орлеанс и Мајами кои ги добија плеј-ин дуелите со Сакраменто и Чикаго..
Тимот на Њу Орлеанс ја искористи предноста на домашниот терен и го совлада Сакраменто со 105-98. Брендон Инграм со 24 поени и Јонас Валанчиунас со 19 беа први стрелци во победничката екипа. Популарните „Пеликани“ за противник во четвртфиналето ќе го имаат шампионот на Западот, тимот на Оклахома.
ЗАПАДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА – четвртфинале
1 ОКЛАХОМА – 8 ЊУ ОРЛЕАНС
2 ДЕНВЕР – 7 ЛА ЛЕЈКЕРС
3 МИНЕСОТА – 6 ФЕНИКС
4 ЛА КЛИПЕРС – 5 ДАЛАС
И во плеј-инд дуелот одигран во Мајами подобар беше домашниот тим. „Хитси“ го победија Чикаго со 112-91 и закажаа четвртфинале со Бостон. Тајлер Хиро со 24 поени и дебитантот Хаиме Харкез со 21 поен беа први стрелци во победничката екипа.
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА – четвртфинале
1 БОСТОН – 8 МАЈАМИ
2 ЊУ ЈОРК – 7 ФИЛАДЕЛФИЈА
3 МИЛВОКИ – 6 ИНДИЈАНА
4 КЛИВЛЕНД – 5 ОРЛАНДО