Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе бидат одиграни три натпревари од 27-то коло. Два од нив го носат приматот на дерби.
„Скопското“ по подолг период ќе се игра на националната арена „Тодор Проевски“. Во него Работнички ќе ја има улогата на домаќин на Вардар.
Иако двата тима се во долниот дел од табелата, сепак дуелите на Работички и Вардар од секогаш привлекувале посебно внимание. Овој ќе биде од исклучително значење за двете екипи, на кои бодовите им се неопходни во борбата за опстанок во лигата. Вардарци имаат бод повеќе од „Романтичарите“ и екипата на Воска, а три повеќе од двете последно пласирани екипи, Македонија Ѓ.П. и Брегалница. До крајот на сезоната не останува многу, па затоа секој освоен бод е „злато“ вреден за двата тима.
Во Тетово, дуел на екипите од горниот дел на табелата, односно, третото и четврто пласираните тимови. Домаќинот Шкендија сеуште е во игра за шампионскиот трофеј. тетовци заостануваа пет бодови во однос на двете првопласирани екипи. Чаирчани си ја завршија работата со вчерашниот триумф, а актуелниот шампион Струга Т.Л. важи за фаворит во денешниот натпревар со последно пласираната Брегалница.
Скопското дерби може да го следните низ директен предност на МРТ3, а дуелите од Тетово и Струга гледате ги ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).
ПРВА ЛИГА 27.КОЛО
Недела (15 часот)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
СТРУГА Т.Л. – БРЕГАЛНИЦА
одиграно вчера (сабота)
АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ 1-0
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2-1
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1