Во машката ракометна Супер лига, нејзината плејоф конкуренција, денеска на програмата се три натпревари од 9-тото коло.

Оваа рунда вчера ја отворија Пролет и Вардар, а со победата на гостински терен, вардарци го презедоа првото место на табелата од Еурофарм Пелистер. Актуелниот шампион денеска може да се врати на лидерската позиција, бидејќи важи за апсолутен фаворит ви дуелот со скопски Бутел.

„Езерското“ дерби ќе се игра во Струга каде истоимената домашна екипа го пречекува трето рангираниот тим на табелата Охрид.

Сепак, најголемо внимание секако ќе привлече дуелот во Кавадарци. Таму на „жешкиот“ терен во „Јасмин“ на мегдан на Тиквеш доаѓа вицепрвакот Алкалоид. Ова е дуел кој може да го одреди трето пласираниот тим на табелата, а со тоа и учесникот во евро-куповите следната сезона.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 9.КОЛО
сабота

18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ
18.00 СТРУГА – ОХРИД
19.00 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД МРТ3
петок
18.30 ПРОЛЕТ – ВАРДАР __

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 23 бодови, Вардар 21, Охрид 20, Алкалоид 18, Тиквеш 16, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.