Помалку не вообичаено за сабота, но денеска во Првата македонска фудбалска лига ќе се играат дури три натпревари. На програмата се дуелите од 27-то коло.

Бодовите се приоритет за сите екипи, како за оние што се борат за трофејот, така и за оние кои бркаат опстанок. Таков е пред се натпреварот што ќе се одигра на Чаир каде кај втора рангираниот Шкупи гостува екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Во Струмица, АП Брера ја пречекува екипата на Воска спорт, додека во Гостивар кај истоимената домашна екипи ќе гостува кавадаречки Тиквеш.

Сите натпревари ќе почнат од 15 часот, термин во кој утре ќе се играат останатите три дуели.

ПРВА ЛИГА – 27.КОЛО
сабота (15 часот)

АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП МРТ3
недела
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР МРТ3
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
СТРУГА Т.Л. – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore