По една недела пауза поради репрезентативни обврски викендов ќе се одигра 19 коло во женската Супер лига. Оваа рунда ни носи еден интересен дерби дуел.
Екипата на Ѓорче Петров во овој дерби дуел го пречекува тимот на Куманово. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала ,,Христо Батанџиев” со почеток од 19:00 часот. На претходниот меѓусебен натпревар Ѓорче Петров го совлада Куманово со 29:20.
Покрај дербито, денеска ќе се играат уште четири натпревари. Пелистер го пречекува тимот на Шампион, додека Вардар игра против екипата на Астибо. Екипата на Скопје за противник го има тимот на Спартак, а Овче Поле гостува кај Металург Автокоманда.
Во текот на утрешниот ден закажани се два натпревари. Екипата на Чаир гостува кај Деспина во Прилеп, додека Стружанка ја пречекува Гевгелија во Струга.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 19.КОЛО
Сабота
13.00 ПЕЛИСТЕР – ШАМПИОН
16.30 ВАРДАР – АСТИБО
19.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО
19.30 СПАРТАК – СКОПЈЕ
20.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Недела
14.00 СТРУЖАНКА – ГЕВГЕЛИЈА
18.00 ДЕСПИНА – ЧАИР
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 52 бодови, Металург Автокоманда 46, Чаир 46, Куманово 45, Вардар 40…
Ивона Кимовска