Ракометарите на Вардар мака мачеа да стигнат до триумф над Пролет во воведниот натпревар од 9.коло на плејоф конкуренцијата во Супер лигата.
Вардарци како гости го победија Пролет со 21-20 и го презедоа првото место на табелата, барем до утре. Но, црвено-црните цели 34-минути стрепеа за победата, бидејќи домашниот тим до тој миг имаше и предност. Ракометарите на Пролет одиграа храбро, но немаа сили тоа да го крунисаат со позитивен резултат.
Мал број на голови го одбележа првото полувреме. По 15-минути игра на семафорот стоеше 4-4. Несфатливо, до крајот на првиот дел гостите постигнаа само уште два гола, а домаќините четири, па Пролет на одмор замина со предност 8-6. Во вториот дел домашниот состав имаше и три голови предност 12-9 (39.минута). Дури во 55-тата минута вардарци го презедоа водството (17-18), кое не го испуштија до крајот. Избраниците на Јовиќ беа блиску барем до реми, но во последната минута Вардар направи два гола предност и ја осигураа победата. На крајот вардарци славеа минимално со 22-21.
Јапонецот, Косуке Јасухира со 6 голови беше најефикасниот ракометар во победничката екипа за која, Марко Срдановиќ постигна 5, а Матија Николиќ беше стрелец на четири гола. Во редовите на Пролет најдобар стрелец беше Андреј Стојановски со пет постигнати голови.
По овој триумф Вардар сега има 24 бодови еден повеќе од шампионот Еурофарм Пелистер. Сепак, битолчани веќе утре може да се вратат на првата позиција бидејќи важат за фаворити во дуелот со Бутел.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 9.КОЛО
петок
ПРОЛЕТ – ВАРДАР 21-22
сабота
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ
18.00 СТРУГА – ОХРИД
19.00 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД
ТАБЕЛА: Вардар 24 бодови, Еурофарм Пелистер 23, Охрид 20, Алкалоид 18, Тиквеш 16, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.