Женската тениска селекција на Македонија е поразена од Хрватска во 2.коло на „А“ групата на „Били Џин Кунг“ купот. Ова откако Хрватките ги добија двата меча во поединечна конкуренција.
По поразот на Магдалена Стоилковска во дуелот со Леа Бошковиќ (0-2) и во вториот Лина Ѓорческа претрпе пораз.
Лина беше совладана во три сета од Антонија Ружиќ. Мечот што траеше безмалку два часа Хрватката го доби со 5-7, 6-2 и 6-2, за водство од 2:0 во мечеви.
Така мечот во двојки ќе биде само чиста формалност, што се однесува до конечниот епилог на дуелите Хрватска – Македонија.
Што се однесува до мечот. Лина на самиот старт направи брејк (1-0), предност што ја загуби во четвртиот гем (2-2). Во единаесеттиот гем Лина уште еднаш го одзеде сервисот на противничката, а потоа го доби и својот, па сетот го реши во своја полза со 7-5.
И на стартот на вториот сет, Ѓорческа почна со брејк. Сепак, тетовката загуби три гема во низа па противничката го доби сетот со 6-2 за израмнување на 1:1.
Во решавачкиот трет сет, Хрватката одзеде три гема на сервис на Ѓорческа, па го доби и тој сет со 6-2, а мечот со 2:1
Македонските тенисерки го продолжуваат настапот во „БХК“ купот во новоформираната група, во која ќе игра уште два дуели, за пласман од 4-6.место.