Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, претстојната зима, ќе биде дел од европската елита. Македонската ракометарки по седми пат ќе настапат на Европското првенство.
Со одигрувањето на натпреварите од последната квалификациска рунда, комплетиран е списокот од 24 репрезентации кои ќе играат на шампионатот.
Сега останува да бидат одредени групите за првенството што ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Македонските ракометарки ждрепката ќе ја чекаат од третиот сад т.н. „шешир“. Во него ќе бидат и селекциите на? Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Чешка, па тие сигурно нема да бидат противници на Македонија на ЕП.
А, кои ќе бидат противниците, македонските ракометарки ќе дознаат на 18 април
сад 1: Норвешка, Данска, Ц. Гора, Франција, Шведска, Холандија
сад 2: Германија, Шпанија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Австрија
сад 3: Словенија, Хрватска, Полска, Србија, МАКЕДОНИЈА, Чешка
сад 4: Украина, Исланд, Словачка, Турција, Фарски Острови, Португалија