Македонскиот репрезентативец Владимир Егоров е на чекор до пласман на Летните Олимписки Игри во Париз летово.
Нашиот борач обезбеди пласман во полуфиналето на олимпискиот квалификациски турнир што се одржува во Баку, Азербејџан.
Егоров кој настапува во категоријата до 57 килограми, веќе забележа две победи. во првата рунда го совлада Французинот Илман Мухтаров со технички туш (10-0). Во четвртфиналето беше подобар од Грузиецот, Робери Дингашвили со 3-2.
Во полуфиналето, Егоров за противник ќе го има домашниот борач Алибабас Разеде во борбата закажана за 16 часот.
Егоров кој беше европски првак пред две години, остана единствениот македонски борач кој сеуште има шанси за настап на Олимпијадата во Париз.
Останатите тројца макеоднски прставици се елиминирани. Расул Шапиев (74 кг.) загуби од Романецот, Зураб Капраев со 2-4, а во категоријата до 97 кг. Магомедгаџи Нуров беше поразен од Раду Лефтер од Молдавија со 8-10.
Единствената наша дама, Вероника Рјабоволова со победа и пораз го заврши настапот во четвртфиналето.