Наполи на гостински терен со пресврт славеше над Монца и обезбеди важна победа од 4:2.
Одличен старт имаа фудбалерите на Монца и уште во 9-тата минута дојдоа до предност од 1:0. Стрелец на погодокот беше Милан Џуриќ. Домаќинот го „преживеа“ првото полувреме и на пауза замина со водство.
Наполи во вториот дел за само шест минути игра успеа да постигне дури три погодоци и да ја преземе контролата на натпреварот.
Виктор Осимен изедначи на 1:1 во 55-тата минута, а Матео Политано го комплетираше пресвртот во 57-та. Третиот погодок во 61-та минута беше дело на Пјотр Зјелински.
Само минута подоцна (62), Андреа Колпани намали на 2:3. Конечните 4:2 за „Наполитанците“ ги постави Џакомо Распадори.
Со оваа победа, Наполи се доближи на два бода до шестопласираната Аталанта, која има два натпревари помалку.