Ракометарите на Охрид го добија Тиквеш (25-22) во вториот дерби дуел од 7.коло на плејоф конкуренцијата во Супер лигата.

За разлика од дуелот во Автокоманда каде доминираше Пелистер, овој во Кавадарци беше супер интересен и неизвесен. По израмнетиот прв период во кој се играше гол за год се до 5-5, охриѓани со серија од трои гола за прв пат се одлепија (5-8). Истата предност избраниците на Алушовски ја имаа уште во два наврати, но на одмор заминаа со +1 (12-13).

Во вториот дел, уште подинамична и поцврста игра демонстрираа двете екипи. Домашниот состав во 47.минута поведе со два разлика (21-19), но Охрид брзо се врати за водство (21-23). Таквата предност Охрид знаеше како да ја сочува и на крајот славеше со 22-25.

Гал Цинцар со седум голови го предводеше Охрид до овој триумф, во кој Гоце Ојлески придонесе со 5 гола. Срџан Мијатовиќ со шест погодоци беше најефикасниот ракометар на Тиквеш.

Со овој триумф, како и поразот на Алкалоид о Е.Пелистер, екипата на Охрид изби третото место на табелата, зад битолчани и Вардар кој денеска го победи Бутел.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 7.КОЛО
ВАРДАР – БУТЕЛ 30-22
СТРУГА – ПРОЛЕТ 22-24
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-35
ТИКВЕШ – ОХРИД 22-25

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 23 бодови, Вардар 18, Охрид 17, Алкалоид 15, Тиквеш 13, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.