И годинава дел од календарот на Светската и Европската кајак Федерација е традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом „Икас“. Кајакарската Федерација на Македонија, во соработка со Градскиот Кајакарски сојуз како технички организатор, го организираат 55-тото издание на „ИКАС 2024“.
Илинденскиот кајак слалом како симбол на овој спорт во Град Скопје, Република Македонија и пошироко во Европа. Така ќе биде и викендов (6 и 7 април) на Матка.
Годинава се пријавени 80 натпреварувачи од 6 земји: Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Турција.
Како дел од нив се нашиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев победник на минатогодишниот „Икас“. Тука се и повеќемина одлични кајакари од останатите земји: Јефтич Милош, Џорџевиќ Марко (Србија), Ачар Мустафа Арда (Турција), Зисекас Панајотис, Тројанис Каралампос (Грција) и нашиот Стефан Рибарски – Македонија.
Натпреварите се предвидени да се одржат во два натпреварувачки дена.
Со сабота (6 април) се квалификациите со почеток во 10.30 часот, а во недела (7 април) со почеток во 10.30 часот – полуфинални и финални натпревари.
Годинава повторно во соработка со Европската кајак Асоцијација ќе се организира тренинг кампот за млади кајакари, кои што воедно ќе бидат и дел од натпреварите на „Икас2024“.