Од денеска до недела во Баку, Азербејџан, ќе се одржи Европскиот олимписки квалификациски турнир, преку кој се бара пласман Олимпијадата во Париз летово.

Македонија ќе има четворица свои борачи. Веронија Рјабоволова кај дамите, а Владимир Егеров, Расул Шапиев и Магомедгаџи Нуров во машката конкуренција.

Репрезентацијата е предводена од тренерот Магомед Ибрагимов, а веќе 10 дена се подготвуваа во Баку. На подготовките присуствуваше и Ахмаф Магомедов, но за жал поради повреда нема да настапи.

жени
53 кг. Вероника Рјабоволова – Елнура Мамадова (Азербејџан)
мажи
57 кг. Владимир Егоров – Илман Мухатаров (Франција)
74 кг. Расул Шапиев – Зураб Капраев (Романија)
97 кг. Магомедгаџи Нуров – Раду Лефтер (Молдавија)