Екипата на Воска Спорт дојде до триумф над Македонија Ѓорче Петров со 2:0.Во полуфиналето на Купот на Македонија, бранителот Македонија Ѓорче Петров ги одмери силите до Воска Спорт. Охриѓаните ја искористија предноста на домашен терен.
Воска многу лесно се снајде во првото полувреме и дојде до лесно водство од 2:0. Стрелец на првиот гол беше Медин Бајрам во 38.та минута, а во 39.та резултатот го зголеми Бобан Георгиев.
Во вториот дел резултатот остана непроменет. Воска Спорт остана до крај „тврд орев” за гостите.
Македонија Ѓорче Петров не успеа да го намали водството на противникот и на реваншот којшто го играат на домашен терен ќе започне со негатива од 2:0.