Фудбалерите на Интер ја остарија 25-тата победа во Серија А и се сѐ поблиску до освојување на шампионската титула.
Интер вечерва на „Џузепе Меаца“ пред своите симпатизери го совлада Емполи со 2-0.
Триумфот домаќините го најавија по само пет минути игра кога Федерико Димарко погоди за 1-0. На вториот гол се чекаше се до 81-та минута кога Алаксис Санчес ги постави конелните 2-0 за Интер.
Со овој триумф и новите три бода Интер сега има дури 14 повеќе од второ пласираниот Милан.
Сезоната полека се наближува кон својот крај и ситуацијата на табелата станува сѐ појасна. До крајот остануваат уште осум рунди или точно 24 бодови кои може да се освојат.
На неро-азурите им се потребни само 10 бодови од преостанатите натпревари за да ја потврдат титула. Ова значи дека од вкупно 8 меча Интер треба да извадат 3 победи и 1 нерешено, или во каква било друга комбинација која би им обезбедила минимум 10 бодови. Тоа е „потешкиот“ услов само доколку Милан ги добие сите преостанати натпревари.