Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е најзаслужен за освоениот бод на неговѕиот тим Рајо Ваљекано на гостувањетро во Селта. Натпреварот заврши без голови 0:0 благодарение на Столе.

Токму нашиот голман ја спречи Селта да поведе. По неверојатен удар со глава, Столе ја зачува мрежата на Рајо благодарение на неверојатна интервенција на самата гол линија.

Во вториот дел работите не се променија премногу. Селта поведе во 66-та минута, но набргу голот беше поништен поради фаул.

Рајо по 30 одиграни кола се наоѓаат на 16-тата позиција во Ла Лига со 30 бода, а веднаш зад нив е Селта со освоени 28 бода.