Во Втората кошаркарска лига остануваат уште две кола, а претпоследната 21-ва, комплетна, рунда ќе се игра денеска.

Најфолемо внимание секако ќе привлече првиот натпревар, оној во скопската населба Маџари, каде истоимената домашна екипа го пречекува не поразениот МКК Куманово. Освен за престиж, за гостите овој натпревар нема резултатско знаење. Кумановци одамна го обезбедија првото стартно место за плејофот. Но, за домаќинот Маџари дуелот е важен како би го одржале чекорот со второ рангираниот состав на Шкупи. Позицијата број два за која се борат скопските екипи, ќе донесе предност на домашен терен во евентуалната полуфинална пресметка во плејофот.

Од останатите дуели ги издвојуваме оние во Прилеп и Тетово. Екипата на Мега баскет ќе мора да го совлада вториот тим на МЗТ Скопје ако сака место во плејофот. Во Тетово ќе се решава опстанокот во лигата. Доколку Тетекс не го совлада Работнички и официјално следната сезона ќе се пресели во Третата лига.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО
сабота

17.00 МАЏАРИ – МКК КУМАНОВО
18.00 ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ
19.00 МЕГА БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
19.00 СОКОЛИ – АНГЕЛИ
20.30 ШКУПИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
слободен ВОДНО САНС

ТАБЕЛА: МКК Куманово 36, Шкупи 33, Маџари 33, Ангели 30, МЗТ Скопје У.Б. 30, Соколи 25, Борец баскет 25, Водно Санс 25, Мега Баскет 23, Работнички 2018 21, Тетекс 19.