Во Германската Бундеслига се одиграа пет средби од 27-то коло.
Лидерот Баер Леверкузен и понатаму останува непорезен од стартот на првенстовото.
Тие на домашен терен со чудесен пресврт во 88-та и 91-та минута стигнаа до нова победа во Бундеслигата.
Настрада тимот на Хофенхајм кои го имаа водството се до 87-та минута преку голот на Беиер од 33-та минута.
И кога се чинеше дека тимот на Алонсо ќе го забележи првиот пораз оваа сезона, се случи пресвртот.
Андрих во 88. минута изедначи на 1-1, а Шик со погодок во 91-та минута донесе голема победа за Баер Леверкузен од 2-1.
Со новите три бода Баер има 13 бода предност пред Баерн Минхен кои подоцна го играат дербито со Дортмунд.
Лајпциг на Елмас иако беше голем фаворит против Маинц сепак одигра разочарувачки 0-0.
Нашиот репрезентативец во игра влезе во 87-та минута од мечот.