Репрезентацијата на Украина е претпоследниот учесник на Европското фудбалско првенство.
Ова откако украинците го добија бараж дуелите против Исланд со 2-1 и тоа со пресврт во вториот дел.
Натпреварот одигран на неутрален терен во Краков, Полска добро почна за исландската селекција. Со голот на Гудмундсон во 30-тата минута, Исланд направи предност од 1-0. Сепак во вториот дел Украина доминираше во целост.
По девет минути игра во вториот дел Циганков го израмни резултатот на 1-1. Иницијативата втори со плод и втор гол во финишот на натпреварот. Се играше 84-тата минута кога фудбалерот на лондонски Челзи, Михајло Мудрик и донесе водство на Украина од 2-1.
Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот, па Украинците си обезбедија учество на Европскиот шампионат.
Тие ќе играа во „Е“ групата во која за противници ќе ги имаат Белгија, Словачка и Романија.
Последниот патник на ЕП ќе го дознаеме по мечот што се игра во Кардиф. Таму домашниот Велс и Полска играат продолженија, откако по 90.минути немаше голови.