Репрезентацијата на Полска е последниот 24-ти национален тим што ќе учествува на Европското фудбалско првенство во Германија.
Во последниот бараж натпревар одигран во Кардиф, Полска го совлада домаќинот Велс по подоброто изведување на пенали, откако по 120.минути немаше голови (0-0).
Во пенал „рулетот“ решавачка беше последната серија односно ударот на Даниел Џејмс кој Шчешни го одбрани и ја одведе полска на ЕУРО 2024-та.
Полјаците ќе игра на ЕП ќе биде во исклучително тешка група. Во „Д“ конкуренцијата противници ќе им бидат Холандија, Австрија и еден од главните фаворити за трофејот Франција.