Терминот на ФИФА за контролни натпревари го искористија и домаќинот на Европскиот шампионат Германија, како и европскиот вицепрвак Англија.
На натпреварот во Франкфурт, Германците со пресврт ја совладаа Холандија со 2-1. Гостите преку Верман уште во 4.минута поведоа со 0-1. Само седум минути подоцна Мителштад израмни на 1-1. Тој резултат беше актуелен со до 84-тата минута, кога Филкруг го постигна победничкиот гол за Германците.
На „Вембли“ во Лондон, Англичаните се спасија од пораз од Белгија и тоа во петата минута од судиското дополнение.
Гостите на два пати водеа со головите на Телеманс (11 и 36.минута). Во меѓувреме Тонеј (17.минута) намали на 1-2, а Белингам го израмни резултатот во 95-тата минута.