Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена од Црна Гора со 0-1 во контролниот натпревар одигран во Анталија.
Иако нашата селекција во поголемиот дел од натпреварот ја контролираше играта сепак Црногорците беа тие кои на крајот се радуваа.
А, се се случи во првиот дел во кој Македонија играше и напаѓање, а Црна Гора го постигна единствениот гол на натпреварот.
Прва закана ја упати Ељиф Елмас кој биеше од 20-тина метри, но црногорскиот голман Шаркиќ добро интервенираше. Во 28-та минута капитенот Барди се обиде од голем далечина од слободен удар, но топката заврши крај голот на противникот.
Иако нашата селекција беше поконкретна и имаше повеќе посед, Црногорците беа оние кои на одмор заминаа со предност. Во 45.минута, а по корнерот од десната страна, Стефан Јоветиќ не бранет од никого со глава го совлада Димитриевски.
Во вториот дел, иако македонските фудбалери се трудеа да го загрозат противничкиот гол, сепак сето тоа беше јалово. Црна Гора знаеше како да одигра на средината на теренот, да ги спречи сите наши обиди и во тоа успеа.
Натпреварите со Молдавија и Црна Гора, како и јунските со Полска и Хрватска, се дел од подготовките за Лигата на Нациите што стартува во септември.