Познати се два финални пареа во групната рунда од ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција.
Во четвртфиналната група 4 чии натпревари во Охрид, очекувано ќе играат домаќинот Охрид и шампионот Еурофарм Пелистер.
Ова откако двата тима остарија убедливи победи во дуелите со Скопје и Куманово. Така утре (19.30 часот) Охрид и Е.Пелистер ќе решаваат кој од нив ќе играат на завршниот „Ф-4“ турнир во мај месец.
И во кавадаречката група 1, познати се финалистите. Домаќинот Тиквеѓ кој беше подобар од Е.Пелистер 2, закажа дуел со Милти Есенс кој го совлада Прилеп.
За место во финалето групата 2, се избори Бутел кој беше подобар од Струга. Во вториот дуел од оваа група попладнево Алкалоид игра против Вардар Неготино.
А, скопски Вардар кој е актуелен бранител на Куп трофејот попладнево ќе го одигра својот меч против Радовиш. Црвено-црните се апсолутни фаворити и се очекува нивни пласман во утрешниот финален дуел од групата 3 против Голден Арт.
РАКОМЕТ КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ)
ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА
Група 1 E. ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 23-26 ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС 23-27 недела (финале) 18.00 ТИКВЕШ – МУЛТИ ЕСЕНС | Група 2 БУТЕЛ – СТРУГА 24-18 18.00 АЛКАЛОИД – ВАРДАР Неготино недела (финале) 18.00 БУТЕЛ – |
Група 3 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ 22-32 18.00 РАДОВИШ – ВАРДАР недела (финале) ГОЛДЕН АРТ – ________ | Група 4 ОХРИД – СКОПЈЕ 40-24 Е. ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 40-21 недела (финале) 19.30 ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР |