Кошаркарите на Гостивар славеа важна победа над гевгелиски Кожув со која го осигура своето место во разигрувањето на Првата лига. Гостиварци во натпревар од 21.коло, го совладаа Кожув со убедливо 104-73 и се пласираа меѓу осумте што ќе играат плејоф.
Триумфот избраниците на Јорданчо Давитков го најавија уште во првата четвртина што ја добија со 13 разлика (28-15). Во втората четвртина гевгеличани намалија на -6 (44-36), но тука застанаа, Домаќините направија серија од 7-0 и на полувремето гостиварци заминаа со +15 (51-36).
Третиот период мина во тотална доминација на гостиварци кои направија дополнителни 18 поени разлика. Во последната четвртина влегоа со убедливи +33 (82-49), па само рутински ги одработија десетте минути.
Оваа беше осмата победа на Гостивар кој останува осмо пласиран, со два триумфи повеќе од Кожув и Охрид. Овие две екипи заедно со Академија ФМП и Вардар ќе разигруваат за опстанок во Првата лига.
ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 33, Чаир 33, ТФТ 33, Феникс 31, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Академија ФМП 24, Вардар 23.