Ракометарките на Вардар и Куманово си ја завршија првата обврска во четвртфиналната фаза по групи во Купот на Македонија. Двете екипи ги минаа своите противници и обезбедија финале во своите групи.
Вардарки без проблем на гостински терен ја совлада Гевгелија со 34:17. Црвено-црните, влегоа максимално мотивирано и веднаш поведоа со 5:0. Тие постепено ја зголемуваа предноста и уште во полувреме имаа двоцифрена предност 19:8. Втората половина беше само формалност со оглед на тоа дека вардарки беа незапирливи. Крајниот резултат гласеше 34:17 за скопјанки.
Најефикасна од Вардар беше Ивона Кимовска со седум гола, додека од поразената екипа Димова Елена постигна осум погодоци. Вардар за пласман на „Ф-4“ турнирот ќе се бори со победникот од дуелот Шампион-Деспина.
И бранителот на трофејот Куманово лесно се справи со екипата на Стружанка која ја доби со 37-29. Најефикасна во победничката екипа беше Сара Цветановска со 8 погодоци. Кумановки за противник во финалето на првата група ќе го имаат подобриот тим од мечот Металург Автокоманда – Скопје.
Останатите полуфинални натпревари по групи ќе се играат утре, а финалните в недела. По нив ќе ги знаеме четирите екипи кои во мај месец ќе се борат за трофејот на завршниот фајнал-фор турнир.
РАКОМЕТ КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ)
ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА 23 и 24 март,
Група 1 петок КУМАНОВО – СТРУЖАНКА 37-29 сабота (ФФОСЗ, Скопје) 19.30 СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ А. недела ( ???) финале КУМАНОВО – | Група 2 Сабота (Тодор Арсов, Штип) 12.00 АСТИБО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ слободен ЧАИР недела(7-ми март Скопје) 15.00 финале ЧАИР – |
Група 3 петок ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР 17-34 сабота (ФФОСЗ, Скопје) 12.00 ШАМПИОН – ДЕСПИНА недела финале ВАРДАР – | Група 4 сабота (Круме Кепески, Скопје) 15.30 СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Слободен ПЕЛИСТЕР недела ( ???) финале ПЕЛИСТЕР – |