Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, е во Анталија, каде попладнево ќе го одигра првиот од доигра два контролни .
Избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска ќе се соочат со селекцијата на Молдавија.
Селекторот Милевски најави дека на овие дуели ќе бидат воигрувани нови формации, со делумна промена позициите на одредени играчи. Сепак, како што истакна Милевски, а потврди и капитенот Барди, на секој меч црвено-жолтите ќе се обидат да победат.
Како ќе изгледа тоа и дали Македонија ќе ја победи Молдавија ќе видиме во натпреварот што ќе почне од 15.30 часот.
Освен овој натпревар во Анталија во понеделник (25 март) македонските фудбалери ќе играат и против Црна Гора (18 часот).
Црногорците пак вчера ја надиграа Белорусија која ја поразија со 2-0 во натпревар во кој избраниците на Роберт Просинечки демострираа офанзивен фудбал.