Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски со својата Универзитет Вашингтон Стејт го продолжуваат настапот на НЦАА „мартовското лудило“
Јакимовски и Вапингтон славеа победа над Универзитетот Дрејк со 66-61 и обезбедија пласман во втората рунда на плејофот.
Иако постигна девет поени сепак тој беше еден од најважните играчи на натпреварот за својот тим. Шест од тие поени дојдоа во вистински момент кога популарните „Кугарс“ го направија и пресвртот, а потоа стигнаа до триумф.
Така Македонецот со својот тим се избори за нов натпревар и дуел против Ајова стејт.