Позади се шесте репрезентации кои ќе се борат за последните три слободни места на Европското фудбалско првенство, што летово ќе се одржи во Германија.
Откако Грузија ја доби полуфиналната пресметка со Луксембург, победи вечерва славеа и Велс, Полска, Исланд, Грција и Украина.
Во дербито од полуфиналните дуели Украина со пресврт дојде до победа над БиХ. Босанците се држеа храбро и поведоа со автоголот на Матвиенко во 57-та минута. Сепак, Украинците не се предадоа до самиот крај. Со голови во 85 и 88.минута на Јаремчук и Добвик дојдоа до пресврт триумф со 2:1.
Грција победи со 5:0 против Казахстан, Исланд се врати од 1:0 негатива и победи 4:1 против Израел. Полска дојде до сигурна победа против Естонија со 5:1, а Велсшаните со 3:1 беа подобри од Финска.
Кои ќе бидат последните патници на ЕУРО 2024, ќе дознаеме во вторник (26 февруари) за кога се закажани трите финални натпревари.
Во финалето од Лига „А” ќе играат Велс и Полска, а во Лига „Б” силите ќе ги измерат Украина и Исланд. Во конкуренцијата „Ц” ќе се соочат Грузија и Грција.