Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското машко ракометно првенство 2026-та.
Групата е „по мерка“ кратко би бил сублиматот на првиот впечаток на селекторот Кирил Лазаров.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство.
Несмееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија.
Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“,
изјави Лазаров.
Македонија ќе игра во групата 1 против Словенија, Литванија и Естонија.
Двете првопласирани селекции ќе обезбедат настап на ЕУРО 2026-та. Место на првенството ќе има и за четири трето рангирани селекции од осумте групи.