Фудбалската репрезентација на Црна Гора славеше победа над Белорусија со 2-0 во контролен натпревар одигран во Анталија.

Новиот селектор Роберт Просинечки дебитираше триумфално. Неговите избраници демострираа офанзивен фудбал, нешто што хрватскиот тренер го најави на почетокот на неговиот мандат.

Стрелци на головите за Црногорците, фудбалерот а Лацио, Марушиќ во 24-тата минута и напаѓачот на Лече, Крстовиќ 45.минута.

Црногорците ќе бидат и еден од противниците на Македонија на контролите во Анталија. Утре црвено-жолтите ќе играат против Молдавија (15.30 часот), а дуелот со Црна Гора е закажан за во понеделник од 18 часот.