Кошаркарите на Партизан остварија 13-тата победа во Евролигата со која остануваат во игра за пласман во плејофот.
Пред своите симпатизери во Белград, а во натпревар од 30.коло, црно-белите ја совладаа шпанската Басконија со 87-83.
По една четвртина во првиот дел добија двата тима. Првата им припадна на домаќините (23-16), а втората на гостите (21-26), па на одмор Партизан беше тимот што замина со минимална предност 44-42.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ, предводени од центрите Камински и Кабоко, во второто полувреме постојано имаа предност меѓу 7 и 12 поени предност. Таквата позитива се покажа како решавачка иако Басконија на 40.секунди до крајот дојде на -2 (85-83). Со кошот на Дожер на 18,5.секунди до крајот Партизан ја потврди победата, а на крајот славеше со конечни 87-83.
Американецот, Каминси постигна 20, а Бразилецот, Кабоко 18 поени на кои додаде 11 скокови. Триото најзаслужни за ова победа го заокружи капитенот Кевин Пантер кој постигна 18 поени.
И покрај поразот Басконија е сигурна на 9.место со скор 16-13. Партизан е веднаш зад шпанскиот тим со 14 победи и 16 порази, а една победа помалку имаат Валенсија, Баерн Минхен и Анадолу Ефес.