Во Цирих вечерва со ждрепка беа одредени групите за кошаркарските турнири на претстојните Летни Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз.
За разлика од досегашниот систем на натпревари, сега 12-те репрезентации се поделени во три групи по четири репрезентации.
Интересно ќе биде во „Ц“ групата. Олимпискиот шампион САД ќе биде и селекцијата на Србија, како и Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико. Во него покрај домаќинот ќе настапа и селекциите на: Литванија, Италија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Бахреин. Со оглед на тоа дека Литванија и Италија важат за фаворити, јасно е дека во оваа конкуренција ќе има квалитетна кошарка.
Групата „А“ ја сочинуваат Австралија, Канада, победниците од турнирите во Шпанија и Грција. На првиот турнир ќе играат: Шпанија, Либан, Ангола, Финска, Полска, Бахамите. На вториот покрај Грција во конкуренција се: Словенија, Хрватска, Нов Зеланд, Доминиканска Република и Египет.
Светскиот првак Германија заедно со Франција и Јапонија се во „Б“ групата. Ним ќе им се приклучи победникот од турнирот во Летонија. Таму за едно место покрај Летонците ќе конкурираат Црна Гора, Бразил, Грузија, Филипини и Камерун.
Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат двете најдобри селекции од трите групи, како и двете третопласирани селекции.
Олимпискиот турнир е закажан од 27 јули до 11 август. Групната фаза ќе се игра во Лил, а финалето во Париз.