Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано дојдоа до многу важен триумф на Реал Бетис. Во борбата за опстанок Столе сочува чиста мрежа, а Рајо ги победи Реал Бетис со 2:0.
Натпреварот се одвиваше во мирен тек. Првиот гол се постигна во 40.та минута кога Лежеуне постигна гол од слободен удар.
Во вториот дел Рајо одолеа на Реал Бетис, успеа да го сочува водството па дури и да го дуплира. Камело беше стрелец за 2:0 во 78.та минута.
Столе и Рајо со тоа ја прекинаа низата од 10 натпревари без победа и конечно се израдуваа.
Со овој триумф Рајо Ваљекано се искачи на 15-тата позиција со учинок од 29 бода на 29 натпревари.
Реал Бетис пак ја губи борбата за Европа бидејќи по 29 одиграни кола се наоѓаат на седмата позиција со 42 бода.