Екипата на Интер Мајами иако настапи без повредениот Лионел Меси, сепак остави нова победа, оваа благодарение на Луис Суарез.
Тимот од Флорида славеше на гости во Вашингтон кај Ди-Си Јунајтед со 3:1.
Домашните поведоа со голот на Струд во 14-татат минута, но само десет минути подоцна Кампања израмни на 1:1.
Пресвртот во натпреварот се случи во 62-та минута, кога во игра на местото на Тејлор влезе Луис Суарез.
Уругваецот го донесе и пресвртот и победата за Интер Мајами откако погоди во 72-та за 2:1, односно и 85.минута поставувајќи ги конечните 3:1.
За тимот од Мајами ова беше трета победа сезонава, а со 10 бодови е прв на табелата. За нив со по 7 бодови следуваат: Њу Јорк, Колумбис, Торонто и Монтреал, но овие екипи имаат две односно н=еден натпревар помалку одиграно.