Екипата на Челзи е третиот полуфиналист на ФА купот откако попладнево го солада Лестер на домашен терен со 4:2. Головите на одлука „сините“ ги постигнаа во судиското надополнување на вториот дел, а стрелци беа Чукувемека во 90+2 минута и Мадуека 90+8 минута.
Инаку, играчите на Челзи во многу му помогнаа на противникот да дојде до изедначување од 2:2.
Челзи поведе во 13.минута со голот на Кукуреља, а потоа во 45+1 минута Палмер зголеми на 2:0. Притоа во 26.минута Стерлинг не реализираше пенал.
Почетокот на вториот дел донесе два гола на Лестер. Најпрвин Дисаси во 51.минута постигна автогол, а потоа Мавидиди изедначи во 62.минута.
Клучен момент на дуелот беше 73.минута кога судијата Медли покажа пенал втор за Челзи, но по ВАР проверката одлуката беше променета во слободен удар, а одбранбениот играч на Лестер Дојл доби црвен картон.
Полуфинале досега обезбедија: Манчестер Сити, Ковентри и Челзи.
Во последното четвртфинале попладнево играат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а ќе биде извршена и ждрепката за полуфиналето кое ќе се игра на Вембли.