Во Втората кошаркарска лига комплетирано е 19-тото коло во кое екипите кои ја имаа улогата на фаворити славеа победи.

Екипата на Маџари која е втора на табелата на домашен терен го совлада последно пласираниот состав на Тетекс. Убедливи беа и младите аеродрномци, односно вториот тим на МЗТ кој со 20 разлика го победи Водно Санс.

Иако имаа негатива по првиот дел на гостувањето во Прилеп кај Мега баскет, кошаркарите на Ангели на крајот впишаа нова победа. Важна победа остварија штипските Соколи кој беа подобри од велешки Борец баскет, триумф со кој речиси си го „визираа“ местото во плејофот.

До крајот на лигашкиот дел остануваат уште три кола. Досега се сигурни пет од осумте екипи кои ќе играат во првата нокаут фаза.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 19.КОЛО
Денеска

МАЏАРИ – ТЕТЕКС 93-75
МЕГА БАСКЕТ – АНГЕЛИ 74-87
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ВОДНО САНС 88-66
СОКОЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 81-76
Вчера
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2018 96-81
слободен МКК КУМАНОВО

ТАБЕЛА: *МКК Куманово 34, Шкупи 31, *Маџари 31, *Ангели 30, *МЗТ Скопје У.Б. 28, Соколи 24, Борец баскет 24, Водно Санс 23, Мега Баскет 22, Работнички 2018 20, Тетекс 18.
*обезбеден настап во плејофот (четвртфинале)