Богата саботна програма на македонската одбојкарска сцена. Во сите конкуренции ќе се одиграат натпревари од редовните кола.

Кај мажите јасно е дека шампионот Струмица одамна ја има обезбедени првата стартна позиција за плејофот, а останатите ќе се борат за подобар пласман. Работнички на гости кај Универзитет во Тетово ќе се обиде да ја запечати втората позиција. Тетовци пак со победа може да ја загрозат третата позиција на Штип УГД кој важи за фаворит во дуелот со Весна Пробиштип.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ), ВТОРА ФАЗА-1, 8.КОЛО
13.00 СТРУМИЦА – ЛИРИЈА
14.00 ВЕСНА ПРОБИШТИП – ШТИП УГД
2015 УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: Струмица 18-0, Работнички 14-4, Штип УГД 12-6, Универзитет во Тетово 11-7, Лирија 10-8, Весна Пробиштип 7-11

И кај дамите ситуацијата е јасна, барем што се однесува до првите две позиции кои се „резервирани“ за Струмица и Јанта волеј. Нивниот вечерашен меѓусебен дуел нема да промени ништо на табелата. Ном затоа понеделничкиот меѓу Наковски волеј и Работнички решава која екипа ќе ја има третата стартна позиција за плејофот.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), ВТОРА ФАЗА-1, 5.КОЛО
сабота

20.30 ЈАНТА ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА
понеделник
19.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: Струмица жени 17-1, Јанта волеј 13-5, Работнички Скопје 10-8, Наковски волеј 10-8.