Во Германската Бундес лига се одиграа пет средби од 26-тото коло.
Баерн Минхен славеше висока победа нагости кај ,,фенерџијата,, Дармштад со 2-5.
Сепак Баерн не започна така лесно како што се очекуваше на почетокот, откако во 28-та минута Скарте погоди за 1-0 за Дармштад и голема радост за навивачите.
Но Баерн Минхен брзо се врати во игра откако во 36-тата минута израмни на 1-1 со голот на Мусиала.
До крајот на првото полувреме гостите од Минхен стигнаа до целосен пресврт и водство по првите 45 минути преку Хари Кејн за 1-2.
Во вториот дел во периодот од 64-тата до 74-тата минута Баерн Минхен стрелаше на два пати преку Мусиала и Гнабри за високи 1-4.
Тел во судиското продолжение во 93-тата минута погоди за 1-5, а домашниот состав како што почна така и го заврши мечот со погодок во 97-тата минута за конечни 2-5.
Со новите три бода Баерн на контото има 60 бода, седум помалку од Леверкузен и седум повеќе од Штутгарт кои имаат и меч помалку.
Мајнц со 2-0 го порази Бохум на Елези кој не влезе во игра и на овој меч и натпреварот го следеше од клупата за резерви.