Бразилскиот кошаркар Јаго Дос Сантос е задржан во болница, со потрес на мозок, а се разгледува и можност за оперативен зафат.
Оваа информација ја објавија од клубот по натпреварот што Црвена Звезда го одигра со Макаbи.
Бразилецот при сударот со противничкиот играч Бонзи Колсон, долго време остана на теренот, по што го напушти.
Соопштението на клубот од Мали Калемегдан го пренесуваме во целост:
„КК Црвена звезда ја информира јавноста дека нашиот играч Јаго Дос Сантос се здоби со скршеница на предниот ѕид на фронталниот синус, како и полесен потрес на мозокот, како последица на удар со лакт од противнички играч во пределот на челото.
По итна дијагноза и преглед од страна на неврохирург и специјалист ОРЛ, Јаго Дос Сантос е задржан во болницата Земун на опсервација во текот на ноќта.
Овој тип на повреда обично бара оперативен третман кој се разгледува“.
Црвено-белите беа поразени од Макаби и останаа на 16.место на табелата со „скор“ 10-19.
Отсуството на Дос Сантос би било дополнителен проблем за тимот на Црвена Звезда. Бразилецот е единствениот плејмејкер во составот.
Од претходно повредени беа, Милош Теодосиќ и Никола Топиќ, а се уште не се знае кога тие ќе се вратат на теренот.