Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево се одиграа сите шест натпревари од 23-тото коло. Водечкиот тандем на табелата, со победи стигнаа до трите бодови.
Лидерот и актуелен шампион Струга Трим Лум славеше убедливо против струмичка Брера. Уште во првиот дел стружани имаа два гола предност откако Ибраими реализира пенал (33.минта), а Руфати (38) си постигна автогол. Во вториот дел (60) Згуро беше стрелец на третиот гол. Почесниот гол гостите од Струмица го постигнаа во 85-тата минута.
Второ пласираниот Шкупи, се помачи да го совлада Работнички. Иако домаќинот имаше два гола предност по првиот дел, во вториот Работнички стигна до израмнување. Интернационалците од Руанда и Норвешка, Рватубјаје (21) и Гројер (29) беа стрелци на головите за домаќините. Работнички во вториот дел стигна до израмнување со погодоците на Адем (34) и Камерунецот, Гандо (71). Сепак, чаирчани стигнаа до трите боа со голот вториот гол на Рватубјаје (84).
Тетовска Шкендија направи „кикс“ и освои само бод во дуелот со Воска спори, натпревар кој заврши без голови, како и средбата Гостивар – Вардар.
„Нулата“ во Гостивар ја искористија Тиквеш и Силекс кои сега ги „прескокнаа“ гостиварци на табелата, кои пак паднаа на шестата позиција.
Со голот на Ангелески (17.минута), во Кратово, Силекс минимално ја совлада Македонија Ѓорче Петров.
Во Кавадарци, иако Брегалница поведе во 7.минути, со голот на Гамбиецот, Соломон, Тиквеш направи комплетен пресврт. Бразилецот, Робертињо (29) израмни на 1-1, а победа на кавадарчани им донесе Малески (69).
ПРВА ЛИГА – 23.КОЛО
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БРЕРА СТРУМИЦА 3-1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3-2
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 0-0
ГОСТИВАР – ВАРДАР 0-0
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 3-2