Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес ќе го одигра првиот четвртфинален натпревар со екипата на Елче во Европскиот куп.
Елче ќе биде најсериозен „испит“ (противник) за „Лавиците“. Тие до оваа руна стигнаа со убедливите победи над црногорскиот Тиват и белгискиот Ојпен, а во осминафиналето го елиминираа тимот Хазена Кинзварт.
Но, шпанскиот тим е сосема поинаква „приказна“ од претходните. Екипата на Елче на последните 10 натпревари има осум победи и по еден нерешен резултат и пораз. Последниот неуспех го имаше во јануари кога загубија од португалската Мадеира.
Ѓорчепетровки во составот сега ќе ги има и новите засилувања. Тоа се трите Бразилки, Талита Виторија Кардосо Алмеида ,Милена Марија Де Соуза Менезес и Луана Форте Родригеш Алвеш како и Катарина Танасковиќ од Србија.
Почетокот на натпреварот меѓу Елче и Ѓорче Петров е закажан од 12:30 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Реваншот во Скопје ќе се игра следната недела (17-ти март).
Ивона Кимовска