По двата гостински пораза (Еурофарм Пелистер и Тиквеш) ракометарите на Вардар извојуваа важна победа откако попладнево во дуелот од 5.коло од Супер лигата плеј оф во салата во Автокоманда го совладаа Алкалоид со 27:23 (16:8). Ова за „црвено-црните“ беше важен триумф за враќање на самодовербата, додека Алкалоид го „запиша“ вториот пораз во првенството, откако во првиот дел немаа ниту еден загубен бод.
Домашниот тим водеше само со 1:0 и 2:1, а во другиот дел од натпреварот „црвено-црните“ го контролираа резултатот. Вардар во финишот на првиот дел дојде до предност од 12:6, откако имаше серија од 6-1 што им овозможи предност на полувреме од 16:8.
И почетоот на вториот дел беше во знакот на Вардар, кој во неколку наврати имаше водство до +9 (од 20:11 до 24:15), но не успеа да стигне до двоцифрена предност. Алкалоид направи серија од 5-0 за 24:20, но сепак „црвено-црните“ се вратија со серија од три гола за водство со 27:20 со што ја „заверија“ победата.
Најефикасен кај Вардар беше Марко Срдановиќ со 7 голови, додека кај Алкалоид Мартин серафимов постигна 8.
Табела плеј оф (по 5.коло): Еурофарм Пелистер 17, Охрид 14, Вардар 12, Алкалоид 12, Тиквеш 10, Бутел 4, Пролет 62 3, Струга 0.