Екипата на Вардар во 16-тото коло од женската Супер лига гостуваше кај тимот на Овче Поле, кого го совладаа убедливо со 34:22.
Натпреварот започна со 4-1 серија гостинките од Скопје. Овче Поле не дозволија да се зголеми предноста и во 14-тата минута ја намалија на 6:4.
Вардарки со серија 4-0 ја зголемија предноста на +6 (13:7). Овче Поле вложија повеќе труд и во 21-та минута ја намали негативата на 9:7.
Црвено-црните не дозволија Овче Поле да израмни и веднаш со неколку последователни гола поведоа со +6 (13:7). На полувреме вардарки заминаа со 15:10.
Во втората половина Вардар успешно ја одржуваше предноста што ја создаде. Гостите во 41-та минута ја зголемија предноста на +8 (21:13). Вардарки постепено само ја зголемуваа разликата за на крајот да слават со конечни +12 (34:22).
Најефикасна од црвено-црните беше Борјана Коцева со десет гола, додека Јована Конева постигна единаесет гола.
Ова беше единствената победа на гостинските екипи на денешните четири натпревари. Останатите три завршија со победа на домашните тимови.
Колото ќе биде комплетирано утре со два натпревари.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 15 КОЛО
Сабота
КУМАНОВО – ШАМПИОН 32-29
ЧАИР – СТРУЖАНКА 36-26
ДЕСПИНА – СПАРТАК 27-26
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР 22-34
недела
14:00 ГЕВГЕЛИЈА – АСТИБО
16:00 СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
Одиграно во четвртокот
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 25-25
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 46 бодови, Чаир 43, Металург Автокоманда 40, Куманово 39, Вардар 34…
Ивона Кимовска